Како што Тимко самиот подоцна ни кажа, по неколку дена кучето самото дошло дома, во дворот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
А можеби професорот и самиот дошол до заклучок дека сознанијата од литературата и не се најсреќни примери за науката.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Руса стана да живее кај своите, но еднаш, во време барање дрва за огрев (еднаш во годината, во октомври, жителите на Потковицата ја кастрат гората и берат дрва за огрев) дали некој ѝ рекол или сама дошла на таква помисла, дека Јован Дамчески и таква, огрубена, ја чека дома за да ја земе за невеста и отиде кај Дамческите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)