Меѓутоа, познато е дека рускиот цар, прогласувајќи се за пријател на христијанското население во Македонија, во исто време бил непријател на македонското револуционерно движење.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Кај муслиманите владеело општо мислење дека животот на четворицата гемиџии ќе биде поштеден како одговор на помилувањето што го извршил рускиот цар на убиецот на рускиот конзул Шчербин.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Следен обид за ослободување од османлиската власт македонскиот народ направил со Брсјачката буна или уште наречена Демирхисарски заговор.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во мај-јуни 1880 година, била формирана привремена влада на Македонија „Единство“ која во март 1881, обнародила Манифест до сите Македонци и испратила протоколарно решение до рускиот цар.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Укажа и на мислењето на рускиот цар Николај II, кој во тоа време изрично барал од Конференцијата на амбасадорите манастирот Свети Наум, како словенско светилиште, да му се додели на Кралството Србија, а со што се согласила и Австро-Унгарија...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)