росен (прид.) - зајак (имн.)

Кога го заврши факултетот и ја покажа дипломата дома, мајка му му ја грабна главата со обете дланки како излупена главучка зелка и почна да го бацува по двата образа: „Убав на мајка”, повторуваше просолзена, додека тој стоеше здрвен како росен зајак.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Живко нѐ чекаше како росен зајак - ни модринка под очите, ни грепка на грлото.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)