розов (прид.) - боја (имн.)

Ја кренав главата и над сивите кадели магла ја видов судијката со необично бела и несредена коса пред која стоеше бокал покриен со салфетка во розова боја.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Веднаш до Стево Трајчов седеше Авни кој постојано гледаше во мувата што подлетнуваше и пак слетуваше на салфетката со розова боја распослана над бокалот со вода поставен на масата пред судијката.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Деница нервозно се вртеше наназад, во галеријата исполнета до последното место, барајќи со погледот некого, а потоа од службеникот што ги проверуваше материјалите за расправа побара да се отвори еден од прозорците, за да влезе воздух.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Внимателно ги собрав прстите напред и тие, со јаболчниците на предниот дел, формираа петтолисна детелина распослана на местото каде што започнуваше устинката со розова боја.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Лилица изгледаше прибрано; тоа беше жена на возраст помлада од педесет години, со нагласена, дури невкусна диспропорција меѓу половината, силно стегната со свилен колан во розова боја, и широките колкови; жена со издолжено лице и мала уста, со костенливи, широко отворени очи од кои ѕиркаше прашален поглед и молба со неодложна потреба за објаснување на она што се случува во мигот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во тој миг судијката удри со дрвениот чекан на кружната гумена подлога што стоеше на масата, веднаш до бокалот со вода над кој беше распослана салфетка во розова боја.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ја кренав главата. Судијката ме гледаше право в очи. Или можеби така ми се причинуваше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Обид Ако сменам постелнина, пижама... во розова боја, Ако се напијам „Розе“ вино, Ако ставам розови очила, Ќе сонам ли... убавец со сини очи, во тегет гаќи?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Секогаш кога ќе се спомене нејзната омилена розова боја, Бреза на сѐ друго заборава и целото внимание го свртува на розовиот предмет, или приказна, или ...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Маци мирно ја лижеше мојата чинија која наместа имаше розова боја.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа ме натера да го мавам месото со еден сплоснат чекан, од кој тоа се сплескуваше и уште повеќе мирисаше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Нивните униформи беа бели, лицата им имаа розова боја како некој да им исплескал шлаканици; очите им беа сини.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)