роден (прид.) - во (предл.)

Меѓу познатите рабини од Монастир, во авионската визија на раби Елеазар бен Цви, дефилираат стари и достоинствени ликови од една петвековна галерија на битолски рабини: Шломо бен Аврахам Хакоен, еден голем законодавец чии респонси се печатени во четири тома некаде помеѓу 1586 и 1652 година, исто така во Солун, прочуениот рабин Аврахам Фалкон роден во 1643 година, раби Шмуел Цадок роден во 1690, стручњак за религиозно судство и верска правда, потоа угледнот Бенјамин Медина роден 1730, раби Аврахам де Јехуда де Бутон кој ги напиша респонсите „Махазе Аврахам” печатени во 1795, Давид де Бутон роден на крајот од 19 век, учениот и почитуван рабин Бенвенисти бен Аврахам Гатења роден 1859 година, раби Аврахам Гер Цедек роден 1800 и Моше Шабат Камхи роден 1865 година кој инаку бил преобратеник во јудаизмот, потоа рабинот Давид Бен Шломо Папо чии прочуени беседи „Бни Меир” и „Пне Давид” се изречени во Ерусалим во 1914 и 1924 година, потоа сефардскиот мудрец инаку главен рабин од Ерусалим, д-р Ариел бен Цион роден 1913 година...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Особено што тоа беа луѓе родени во еден од полските штетли, села со еврејско население, семејство кое судбината го одвои од животот на предците, а трговијата со сточна храна го однесе во Гдањск и пристојно го збогати, овозможувајќи им да скокнат од селската општина во трговскиот сталеж и од грубите ткаенини во префинета градска облека.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
7. На луѓето коишто чувствуваат дека им е грабнат нивниот сопствен социјален идентитет, прафашизмот им доделува една единствена и најчеста привилегија: дека се родени во иста земја. Тоа е извор на национализмот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Браќата Методиј и Константин се родени во Солун.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Беа двојка, како два орева во една кафтица, родени да бидат заедно во животот и во смртта, како што пишува во светите книги, па луѓето веќе и не ги замислуваа инаку освен како сраснати ако не родени во љубовта и за љубовта.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тие беа повторно родени во животот во кој нема недоразбирања, во кој нема страст за откривање на неосознаените убавини.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Можеш ли да го исфрлиш од себе и последното зрно на омраза кон човековиот род без ниедна причина родена во тебе?...
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Додека низ воздухот треперел сè уште од возбуда топлите зборови што занесениот витез му ги даруваше на својот драг пријател, меѓу нозете им се плеткаа две црнооки gemulsi, машкото од пет, женското од три години, родени во бракот на Антонио со византијката Марија.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Храбри ли беа тие момчиња и девојки, родени во годините од 1920 до 1930 кои беа стожерот на Грамос и на Вичо?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Така, со години, победата родена во одмазда станува дамка на совеста а поразот можел да се крсти подземен заборав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сакаше да ми каже, но што? се прашував навреден и веќе сфаќав каква крв имаме ние од Кукулино: не простуваме, тоа е нашата најголема мака што или гроб отвора или до гроб доведува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По вашиот акцент заклучувам дека не сте родена во Македонија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Споредувајќи ги откриените податоци, виде дека близначињата родени во Нови Сад по три дена се префрлени во Домот за посвојување во Звечанска улица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сакаше да прсне вратата во илјада искри, да влезат прогонувачите со гладни челични цевки свртени кон неговото грло, да го уништат, со неговото уништување да ја уништат и парадата на пакосните портрети родени во пијана занесеност на оној што ја остави својата седалка за милување и појде, го уверуваше, по лекар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Логично е што поголемиот дел од државите ПОДАНИК родени во ваков дух си поставиле себеси цел да го конкретизираат она што повторно го пронашле, т.е. поединците цврсто да ги поврзат со колективот, да го цементираат единството на нацијата, решително да го гарантираат интегритетот и кохезијата на општественото тело, будно да внимаваат - во име на културата - никаква несоодветна критика да не го попречи култот на вековните предрасуди, накратко - да ја обезбедат конечната победа на грегарниот инстинкт над другите манифестации на човечкиот дух.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сакаше да прсне вратата во илјада искри, да влезат прогонувачите со гладни челични цевки свртени кон неговото грло, да го уништат со неговото уништување да ја уништат и парадата на пакосните портрети родени во пијана занесеност оној што ја остави својата седалка за милување и појде, го уверуваше, по лекар.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
ЗА АВТОРОТ Ивана Иванова – Канго е родена во Кочани, 1985 година.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Третата, родена во месецот мај, ја викам пеперутка.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се сакале толку што дури и се мразеле, да имале нозе ќе се испогазеле.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во љубов топла како мраз живееле брат и брат, рапав глас и врескав глас, родени во Шумшул- град.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И тројцата родени во времето на Отоманската Османската Империја, може да се рече, беа пријатели по судбина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но поради фактот што обајцата беа родени во времето на оваа империја, и годините на детството и младоста ги поминаа во времето на Империјата, како сведоци на нејзиниот крај, не можеа да не дејствуваат во борбите да не превладее реваншизмот и да не започне војна против сите вредности, меѓу кои, не малку од нив беа влеани во нивните архетипови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Иако мошне различни, заедничко за сите четворица е што се родени во почетокот на шеесеттите и што барем формално, секој во својата област, користат еден внимателно изграден и ерудитивен израз („постмодернистички”?!
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тоа ќе биде и твој хороскоп, човеку, зашто не е случајно што е тој тука до тебе, кога и двајцата сте родени во ист месец.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Роден во Мека и Медина, исламот се прошири до Вавилонија на исток, до Алжир и Тунис на запад, па дури и до Виена на север.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Неговиот дедо Михаило (познат по тоа што едно време бил визитинг- професор на Универзитетот во Беркли, Калифорнија) и мојата баба Добрила (позната по тоа што пред војната била избрана за мис на Врњачка Бања) се брат и сестра, родени во црковен брак од прадедото Милош (познат по тоа што во почетокот на минатиот век во Швајцарија победил на натпревар по боб-санкање така што не знаел како се кочи бобот) и прабабата Даница (позната по готвење оброци со австроунгарски имиња од типот на штрудли, шненокли и шуфнудли).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
По Мајка, исчезнаа и постарите браќа, родени во крајбрежното гратче, без да се вратат во него, на дофат на погледот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Од друга страна, повеќето уметници родени во последните три децении, не се загрижени да ја раздвојуваат апстрактната форма од фигуративната.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
44 Неодамнешните примери на големи проблеми со лица без државјанство ја вклучуваат Република Чешка, каде голем број луѓе, особено Роми, повеќето родени на словачка територија или потомци на лица родени во Словачка, беа практично лишени од чешко државјанство поради ограничувачката законска регулатива за државјанство и големите административни давачки по одделувањето од Словачка; Украина, кога по 1988 година околу 260.000 Татари кои биле депортирани за на ангажман на УНХЦР во проблемот на бездржавјанството беше ограничен, а во некои случаи и непостоечки“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
А.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Неколку реченици напишани на ѕид и парче жица виси од плафонот; треба да сте родени во посебна класа, во точно одредена, ограничена околина на бела, високо-средна класа, да живеете во Лондон или Париз, за тоа воопшто да ви значи нешто.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
- Дома е мајка ти? - ја прашав ќерка ѝ Ангела којашто ја викаат Енџи, зашто е родена во Америка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Авторот беше скоро вчудовиден од фактот дека тие двајца се родени во ист ден и иста година.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Родена во Пиреја, очите навикнати на сините води на средоземието, грчките маслинови гори и паничниот вресок на жегалците летно време, овде, на север, во Македонија, Летка се чувствуваше како со падобран спуштена во непознати предели.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)