роден (прид.) - татко (имн.)

Ме гледа и како со умилен глас да ми вели: - Убаво ли е, сине, ми ти се допаѓа ли домчево, кажи што не ми ти достига, татенцето сѐ ќе стори за моето соколче, - чинам така ми вели татенцето и јас сѐ поблиску приоѓам кон него, божем ќе му се фрлам во прегратките, ќе го гушнам како роден татко, а тоа од страв му се доближувам да не ме запне од подалеку, да не ми го скине главчето, та без главче да останам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се сети сега како тој, родениот татко, со години го бавеше и не сакаше да му потпише мајсторско писмо.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој „човек" на којшто не требаше „да му се дери кожата“ ѝ беше поблизок од татко ѝ и таа се стави во негова одбрана против родениот татко како пред неколку дена против мајка си.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури и во случаевите кога таткото ја немал среќата да го запознае синот, синот го продолжува и животот на таткото покрај оној, на мајката!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А кажете ми го тоа машко што не побрзало да се угледа на родениот татко.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се допишуваш со мајка ти, криејќи од мене и од родениот татко.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А и она негово име Иван, што ми го навести сонот, не беше рожба на случајноста или на мојата досетливост.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)