роден (прид.) - праг (имн.)

Води ме, ајде, ти пат мој прашен, запази спомен од мојот траг, додека живот – поројот страшен – ме врати на роден праг.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Сигурно ќе ги понесе во душата и како во хербариум ќе навраќа на спомените од Езерото од минатиот живот каде што ја остави мајка си на родниот праг на куќата, на гробовите на предците, на тие извори на трајната меланхолија во егзил.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)