Сега гледам. Она што наидува од висините над мојата куќа и право на неа е една колесница. Двоколка од римско време.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Малку беа спокојните години во Татковиот живот по балканската семејна одисеја, запрени засекогаш во нашата двокатна куќа со убав истурен чардак, градена според урнекот на градбите на османскиот цариградски стил, среде неколкуте такви куќи, задржани во овој град, познат во античките римски времиња како Скупи, а на крајот како Скопје, крај бујната река Вардар што се влева во блиското Средоземно Море.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ги стокмив скалилата и ги уредив со камени плочи, толку ефектно и мајсторски што, откога камењата ќе фатат патина, со некого ќе можам да се пошегувам дека се од римско време, поминал божем Хадријан тука и ги изградил со својата инженерија.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)