Биле принудени од новата религиска заедница, која освен Евреи опфаќала Египќани, Грци, Сиријци, Римјани, а најнакрај и Германи, да слушаат приговор дека го убиле Бог.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Христијаните и Евреите под муслиманска власт можеле слободно да ја исповедаат својата вера и да ги извршуваат ритуалите, задржувајќи ги своите цркви и синагоги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нескратен, тој приговор би гласел: ‘Тие не сакаат да се помират со тоа дека го убиле Бога, додека ние тоа го признаваме и така сме исчистени од вината.’ Тогаш е лесно да се увиди колку вистина се крие зад тој приговор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Помешаноста на различните раси, етнички и религиски заедници во муслиманска Шпанија ќе доведе до раѓање на една нова динамична и витална култура.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)