Се сетил за некој Мустафа-ефендија, ситноглав човек со ретки мустаќи, повлечен хипохондрик со избезумен страв на лицето и од најбезначаен инсект, градски ќата и прочуен пеач од чиј глас ноќите во беговските куќи станувале посветли.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со левата рака, на десната негде и некогаш некој му ги исекол трите прсти, со палецот и показалецот можел само да наденува конец на игла, да крпи јамки на парталосаните беневреци или нешто слично, да ја треби од гниди ленената кошула или да ги суче прудолу ретките мустаќи.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Барајќи настани што биле без врска со нив, со нивната тогашност, им бегал на претчувствата. Од него говорела ракијата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)