Го гледаше Рада изопачениот лик на својот татко, спуштениот поглед на нејзината мајка, која само во ретки моменти можеше да му се спротистави.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сите овие размислувања, кога во ретките моменти ќе останеше сам, му беа страшно потребни на Хелвиг, во неговите обиди да си ја смири совеста. ***
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Мустаќите изострени и подсвикнати нагоре како рокчиња од овне; на средината пожолтени од лулето што постојано го држи в уста; веѓите густи и спуштени над очите како ластовичини крилца; прстите на рацете глуждести, а кожата на дланките стврдната да може да фаќа и мраз и жар, и трње и коприви; на главата паларија: летен-зимен украс што го донесе од печалба; од погледот му зрачи стаменост и мудрост, почесто само со погледот зборува и со него ти ги открива мислите; со погледот како на терезија го мери соговорникот и открива колку му тежи умот; во ретки моменти кога е лут се забележува како резанките на челото му се поткреваат и спуштаат водејќи борба.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)