Гледа Богдан: во сѐ личи на него кога тој беше на таа возраст; исти очи, исти веѓи, нос, насмевка и ретки заби, остри како клунчиња од птица; на лицето му се забележуваат исекотини и лузни од мавање со децата; насмевката му е недовршена, изнасилена; на рамото се гледа дел од раката на мајка му која веројатно го задржува да се слика.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Го издолжи лицето и, покажувајќи ги како во закана ретките заби, се смири. Остана залепен крај водата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)