Побара, од сета војска да останат само триста души, а командата да ја земе забитот од редовната војска и да работи со неговата согласност. – Вие – им рече – ефендии, одете си и спијте си слободно.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И покрај тоа што уште порано, по интервенција на големите сили, Високата Порта ветувала дека секакво движење во Македонија ќе биде задушено со редовна војска и со средства толерантни за вакви случаи, ветувањето не го исполнила.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
- Преминувањето во редовна војска треба да си дојде природно, без брзање, со триеливо совладување на методите на редовната војска, а не со промена на табелата....
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тоа е преминувањето од партизанска борба во борба на редовна војска.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Скопскиот беглер-бег беше и паша – командант на скопскиот гарнизон, та нареди, еден табур од двеста души платена редовна војска да тргне во оваа експедиција, а во Кавадарци го пречекаа и му се придружија тиквешките бегови на чело со Јашар-бег со петстотини свои луѓе и уште толку башибозук, собран по целата Тиквешија за пљачка по Мариово.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
На исток Тиквешијата — бетер. Повеќе беља од башибозуците отколку од редовната војска.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од северозапад Бахтијар го стега обрачот, југоисток го држат башибозуците со тиквешките и мегленски гарнизони, и така востаниците немаше каде да се издутнат без борба.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)