реален (прид.) - причина (имн.)

Градите го болеа од гнев, му гореа како фурна додека ги кинеше материјалите што дотогаш ги собираше – копии од поранешните устави на Република Македонија, анализи на политичката состојба од 1992 година наваму, податоци од вонредниот попис на населението и домаќинствата во 1994 година, сета онаа хартија што требаше некому (а кому ли?!) да му покаже дека она што се случува во земјата нема никаква реална причина освен нечија жед за територии.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И така, во Атеистичкиот музеј во Скадар ми беше фрлена анатемата како на непоправлив неверник во сталинската идеологија на родната земја, ми се стеснуваше стапицата на некаков имагинарен реванш без реални причини.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)