Но, со оваа апликација никако не смееме да си правиме привиди за природата на допирот, што е инвестиран од страна на таа софистицирана технологија, како тоа да бил добриот стар, значи лош, вулгарен, непосреден допир што граба во „исполнетото” и е наменет за допирање на „материјално згуснатото”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ова „дело” секако била прва употреба на еден реален предмет на платно: една кондура вметната во паното го покажува својот ѓон на гледачот, продолжува со насликана нога која се губи на хоризонтот и завршува со еден мал поштар гледан од грб, како трча по воз.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Кај уметничките дела за иницирање на виртуелни, естетски кодирани светови, се работи, напротив, за допир, кој во смисла на простор, дефиниран со односите на реалните предмети, навлегува во празно, но интензивноста на различните тактилни функции, посредувани преку податочната ракавица, предизвикува промени на полето на сликовното и звучното во компјутерски симулираната околина.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)