рајски (прид.) - предел (имн.)

Рајските предели на Езерото” (во книгата езерото се пишува со голема буква), бистрата рекичка што бучно се влева во него и што всушност извира, односно истекува од него, јагулите коишто се провлекуваат и во речните и во езерските води, заминуваат, само Господ знае каде, и се враќаат, којзнае како!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во рајските предели на Езерото, како да допираше самото раѓање на животот, неговото траење и заминување.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Наоколу се ширела миризбата на јасминовите бело-синкасти цутови. Се насетувала близината на рајскиот предел.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овие патувања се одвивале во избрани места, се минувало низ „тунели” кои воделе низ избраните рајски предели, тераси- градини на ридовите, ведри и насмеани колони работници, за да кулминира пропагандата во музеите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И кога Татко ќе насетеше дека допира до рајските предели и лесно преминува во сон, одеднаш се будеше, се забрзуваше во реалноста, барајќи го брзиот тек на водите во потрага по изгубениот чекор на минливоста.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)