Неговата теорија на дискурзивна демократија подразбира проширување на јавната сфера за да се овозможи поголемо учество на граѓаните во процесот на создавање на јавното мислење и волја: „Демократизираната или добро уредена јавна сфера треба да им понуди на сите, а особено на маргинализираните групи, можност да учествуваат во обликувањето на јавното мислење, да влијаат врз него и да вршат негова критика“.102
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Против еднонасочниот проток на комерцијални информации, како антипод на суштината на јавниот простор како место за дебата и рационален консензус, културните попречувачи меѓу кои се Billboard Liberation Front, Guerrilla Girls и бројни други уметници, обединети околу списанието „Adbusters“, ја користат субверзивната моќ на ситуационистичкиот détournement, „повторната употреба на веќе постоечки уметнички елементи во нов спој“132.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
„Вешто преработениот билборд... го упатува гледачот да размисли за првичната корпоративна стратегија“131, посочува член на бендот Negativland од Сан Франциско, кој прв го измисли изразот „културно попречување“ во 1984 година.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Хабермас се залага за „неискривената комуникација“, заснована врз подготвеноста да се учествува во рационалниот критички дискурс за прашањата од јавен интерес, да се овозможи слободен и еднаков пристап за сите учесници, да се обиде да се разберат проблемите и да се дозволи да победи најдобриот аргумент, резултирајќи во прифаќање на рационален консензус.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)