Во овој процес на „повторна феудализација“ на јавната сфера, „јавноста ја губи својата критичка функција за сметка на инсценираната претстава; дури и аргументите се преобразуваат во симболи на кои повторно не може да им се одговори преку спротивставување, туку само преку идентификација со нив“.99 Во модерната верзија на „репрезентативната јавност“ од ерата на феудализмот, кога јавноста повеќе беше „статусна одлика“, „не за, туку ’пред’ народот“100 (каде кралот се претставува себеси пред публика, како единствената јавна личност, додека сите други се само набљудувачи), во капитализмот на социјалната држава политичарите и организациите се претставуваат себеси пред гласачите (како набљудувачи).
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Наместо сфера на индивидуална партиципација, рационален дискурс и јавна дебата, постои спектаклот со својот посредуван, обликуван и ограничен јавен дискурс раководен од страна на корпорациите.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)