растреперен (прид.) - рака (имн.)

Сокол Мечевски, возбуден, со растреперени раце, ги зеде сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко пушеше цигара по цигара, дедо со растреперена рака сакаше да го припали чибукот, баба со рацете скрстени на скутот, се нишаше напред-назад, мајка со образот потпрен врз десната рака, гледаше во растрепереното пламенче на ламбата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Неговата растреперена рака ја стегна Велевата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Шишман со растреперена рака го извади кутивчето од џебот и му го подаде.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тој го исправи истутканото ливче на денешниот извештај од фронтот и со растреперена рака почна да го вежба својот потпис.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Му читаш во растреперените раце дека не е подготвен да си го покаже навежбаниот задник, на кој е посебно горд, но само во панталони затегнати со дупла игла на ременот и, како син на мама, која исто ги воспитувала и него и дада му, демек „прво само до пола“, строго се држи до лекцијата, а мота низ главата зборови со кои истовремено ќе остане „мачо мен“ (а ќе одигра како путе на пубертетлика, која час не сака, час умира од желба да направи нешто недозволено), за да има што да раскаже по пет испиени пива, и тоа фури по петтото, како неверојатно си прошол и како усреќил некоја, која, секако, во приказната ќе биде барем десет години помлада и барем десет сантиметри повисока и десет килограми полесна, со „страва“ тело и гради и, што им е исто така важно, „многу паметна девојка" и, во приказната за безобразно добриот секс ќе изостави дека таа, всушност, си заминала!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На пешачки премин, додека чекаат да им се запали зелено на семафорот, а ти со испружена, растреперена рака чукаш на нивниот прозорец да ти спуштат на дланка некоја железна.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Со растреперени раце, Младен си ги собира книгите.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Веќе следниот миг беше на нозе и со растреперени раце ги симнуваше од леглото постилките.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го отвори пликот. Меѓу прстите му се лизна една мала фотографија. Падна врз сеното. Ја крена со растреперени раце.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со растреперени раце Бојан го одвитка писменцето. Лицето му светна. Очите му се навлажија.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го отвори со растреперени раце и почна да чита...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
ЛЕ диодите што покажуваа секунди на пластичниот yиден часовник станаа безначајни треперливи мрежи, а Моли и Мао-ликото момче се забрзаа во сенишни инсектоидни појави со растреперени раце.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Пандо со растреперени раце го стави на дното и излезе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Развлечена, тешка, длабока, глува, ту тивка, ту гласна, набожна, скриена, тажовита, здавена, жалосна воздишка кај жените.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Крстовица полека свртува глава, погледнува во својата црна шамија распослана на подот и тивко, одвај чујно, изустува: - Ајде, синко, стани на мајка, стани... Стани, Ристеее!...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со растреперена рака посегнува во пазуварката и, кога ја отвори широката испечена и испукана дланка, жените видоа свиткано ливче хартија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не моли: туку наредува со шепот и со растреперени прсти го бара неговото тело.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ме фаќа за рамо и со растреперени раце ми ја подава: - На, чедо, носи ја... ***
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Со растреперени раце го земам клучот и веднаш си го клавам на гуша.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Срипувам од креветот како попарен, правам сплет шпаги, набрзина мијам заби со четка за нокти, ставам гас-маска за да оставам подобар впечаток, те со растреперени раце кревам слушалка и со милозвучен и правичен глас велам „Ало?“
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
А можеше да го заколе со својата растреперена рака!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Дури и раката � трепери.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)