— Ами без смеа ти вела, Недо, — почна Крсте со растреперен глас.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Море, аирлиа работа, побратими! — викна со растреперен глас.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Да не мислиш самата тамо да ме оставиш? — со жален и растреперен глас му се загледа Митра очите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Не бојте се, стопанка му, шо се плашете, не ме ли познавате?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се слушнаа стотина растреперени гласови.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Можеби ќе проверат и кога ќе видат дека те нема, кој знае како можат да те казнат... рече со растреперен глас. – Изврши смена на стражата и врати се.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тој направи уште еден чекор кон војводата и со растреперен глас му рече: - Војводо, овде е сега Прилеп и цела Македонија!...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Направи неколку чекори и како да се присети - тажно, со растреперен глас заврши: - Синко мој, нема љубов таму каде сомнението пали свеќа...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Може по патот се задржале, - зборуваше тетка Рајна со несигурен растреперен глас и јас сфаќав дека и таа не е во состојба да ме успокои.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Повторно со растреперен глас, напрегнувајќи се да долови и најбезначаен шум, го повторува името на другиот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
- Жив ли си, Бојане, чедо? Здрав ли си? - со растреперен глас зборуваше дедо Димо, цврсто стегајќи го во прегратка својот сакан внук.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Последни на Деспина ѝ честитаа зетот Михали и Милка, тетките Сава и Танаска редејќи подароци врз нејзините рамена, помалите сестри Митана, Василка и Елеонора ја прегрнуваа и ја бакнуваа, а кога пред неа застана мајката Роса, Деспина се наведна и ѝ бакна десна рака при што малечките очиња на Пела забележаа како нешто се префрли од дланката на баба Роса во дланката на дада Деспина, ама и објаснувањето дојде од устата на баба Роса која со растреперен глас надвладеа над вревата Ва лирта, мајкина, у р′кта ми а стави мојта мајка а у нејнта нејнта мајка на ваков ден за срејќа зравје и ск′па љубов! и сега она се посегна и ја избакна ќерка си во двата образа измешувајќи си ги истовремено и солзите.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Рече со растреперен глас Момите два пати се благословени - со две мајки и со двајца татковци! а немо продолжи во себе Прости ми, изумив дека одамна Роса ви е и мајка и татко!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
- Молња, јас сум, јас, Чавка, - слушнав тивок и растреперен глас.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Се искашла, намести очила и со растреперен глас почна да чита: - Υποσχομαι ενωπιον του Θεου, των ανθρωπων και των επισημων αρχων του κρατους μας, οτι απο σημερον θα παυσω να ομιλω το σλαβικον ιδιωμα, που μονον αφορμην προς παρεξηγησιν διδει εις τους εχρους της χωρας μας, τους Βουλγαρους, και οτι θα ομιλω παντου και παντοτε την Ελληνικην, εις την οποια ειναι γραμμενο και το Ιερον Ευαγγελιον του Χριστου μας. 15
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- За душите... – рече тивко и со растреперен глас ни го раскажа настанот за кој само старците потајно зборуваат.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ги подигна рацете и со силен, растреперен глас, проштално се сврте кон народот: - Не плашете се, драги браќа и сестри.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Но се случи несреќа... - вели Фатмир со тажен, растреперен глас.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Се враќам! – Сине, сине, се враќаш... Се слушна растреперениот глас на Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)