Секогаш кога поројот од мисли ќе ја вратеше назад низ времето, пред очите ѝ се појавуваше судникот со трозабецот во рацете, кој со рапав глас ѝ ја соопштуваше одлуката за гревот и товарот што требаше да го носи како казна.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Потајно улам на тебе, на твојата скришна насмевка, на твоите усни во кои заоѓа сонцето, улам на строгоста на твојот збор, на твојот рапав глас, улам на твојот поглед насочен како стрела кон сонцето.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
„Господин капетане.“ Рапав глас: „Господин капетане...“ Застана. „Тие се недоверливи. Заостануваат“.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
- Иди во пеколот, - бесно рече рапавиот глас. – Таму ти е местото.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
- Не ломоти, - и невидлив се накостреши рапавиот глас. – Ќе ти кажам, ти си шупелка.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
На рапавиот глас не му влевав доверба.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Рапавиот глас се засмеа. - Ти си измамник, подмолна и врескава муцко.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
- Рапавиот глас веднаш загровта: - Бакни ги и протеги се на чинија.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Се сакале толку што дури и се мразеле, да имале нозе ќе се испогазеле.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Во љубов топла како мраз живееле брат и брат, рапав глас и врескав глас, родени во Шумшул- град.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Родителите и двете девојчиња пристигнаа со покриен пајтон, тропнаа на вратата и од внатре се чу рапав глас на стара жена: „Ајде!“
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
- Попусто го задржував. Отиде да ги остави коските в пустина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не се движев, дури мислев дека и не дишам. Сега девојката отиде до прозорецот да гледа во некој свет на селото.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го совладав тресењето и со рапав глас ја прашав дали сум во Лесново и како тоа никој од дружината да не доаѓа да ме види.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Мајко Минадора, викал со рапав глас Богоја Гулабарин. - Безбожен сум. Заклав ранет човек.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Мислам на убаво. А овде уште повеќе ме стега...“ - вели Моше со рапав глас и околу грлото прави јамка со едната рака.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Го слушнав познатиот, едноличен рапав глас, постојано командувачки: - Друже амбасадоре, овде е Петар Иваз?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Неговите ушни школки не го примаат рапавиот глас.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)