Од естетски аспект, раните филмови се несомнено почисти и подоследни.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Од аспект на наративен филм, Trash, Plesh и Heat навистина се поуспешни од раните Ворхолови остварувања.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во другите рани филмови, протагонистите не се претставуваат толку себеси колку што се израз на некое едноставно дејство кое им е наменето (Kiss, Sleep, Eat) или на задоволството коешто е предизвикано со дејствието врз нив (Haircut, Blow job).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Единствениот Ворхолов ран филм што не се придржува до наведените монтажни принципи е Sleep. Sleep, како и повеќето рани филмови, се состои од 3-минутни ролни за Болекс камера што Ворхол во тоа време ја користеше. (Kiss исто така се состои од 3-минутни сегменти).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Освен несаканите движења на протагонистите (на пр. трепкањето) и пречките (оштетување и осветлување на делови од филмот, нечистотии на камерата итн) сè е потполно статично, Ворхоловиот екстремен минимализам се манифестира не само кога е во прашање неанималниот субјект (Empire) или протагонистот несвесен за себе (Sleep), туку и во филмовите со живи луѓе кинестезијата е сведена на минимум.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Едвард Смит дури смета дека единствена цел на овие филмови е „во суштина, испитување на нашите способности за поднесување на досадата”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)