ран (прид.) - пролет (имн.)

Во зимскиот период и во раната пролет му се лутеше дека е немирно, дрдорливо, летно време го молеше да не пресушува, зашто неговата водичка ја бараат и градината, и дрвцата, и добитокот да се разладат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Раната пролет ги подлажа дрвјата, ги распупи, ги расцути, а некој задоцнет снег на зимата се натрупа на нив, им ги стежна гранките, им ги наведна до земјата. Жална глетка: снег и цут.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Еве, гледај, тука на прозорецот ќе го видиш, кога ќе дојде!... (Стоејќи над детето и галејќи го по главата).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
По присоинките, каде што во раната пролет Бојан ги наоѓаше првите качунки, сега почна овде-онде да се покажува руенот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Беше рана пролет, кога почнуваат да плачат врбите и лозјата, па може од тој ист порив на сите ни идеа солзи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во 1943 година, рана пролет, го стрелаа татко ми, Тимјан.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Миризбата која во раната пролет се ослободуваше од расцутените јорговани н враќаше во градината на нашата куќа преку границата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се мешаше изгубениот со откриениот рај на Мајка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
СИМКА: (Замислено). Сите жени на светот се радуваат кога малечките ластовици им јавуваат за раната пролет. Само печалбарката е жална и мисли кога ќе дојде есен.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)