Моите почетоци со алкохолот се поврзани уште во раната младост, некаде на 9-годишна возраст кога од радозналост пробуев од домаќото вино на дедо ми чисто ради циркулација и да се види како е да бидеш муж.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Во раната младост за време на Првата светска војна во родниот град Поградец, кога градот заедно со Корча биле под француска управа во рамките на Корчанската Република (1914-1918) на генералот Едуард Иполит Огист Мортје, Татко научил француски јазик и долго време работел како преведувач во француската управа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Бев обземен уште во раната младост, според некои мои генерациски другари, од наивниот идеализам да верувам премногу во човекот Зарем не се вели, со право, дека дипломатијата е уметност на невозможното?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Многу години подоцна, во 70-те години на минатиот век на шпански јазик ќе биде преведена книгата на Емил Сјоран Лошиот Демиург, која брзо ќе биде забранета од цензурата како атеистичко и антихристно дело, а авторот иронично ќе забележи: Инквизицијата не е мртва. Колку е тоа смешно!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Филозофското дело на Емил Сјоран го открив уште во раната младост.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Уште од раната младост имаше решено својот живот да му го посвети нему; нејзиното секојдневие се сведуваше на средување на она што доктор Фројд го напишал, консултирање околу неговите пациенти, организирање на неговите работни патувања, помош околу справувањето со болестите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кажуваше дека навечер, од собата во која спиеше Хајнерле, се слушало нешто како шепотење, или како пеење, или како липање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Со него некогаш се однесуваше како со татко, некогаш како со сопруг, некогаш како со дете, најчесто како со научник.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Матилда беше среќна со таквата одлука – во раната младост имаше операција по која не можеше да има деца, тоа беше несреќата на нејзиниот живот, и сега се радуваше што може да се грижи како мајка за малечкиот, заменувајќи ја својата почината сестра.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)