Во еден ран есеј од 1939-та, Борхес веќе го оцртал правецот по кој неговата проза конечно ќе тргне: „Да го признаеме“, вели тој, „она што го признаваат сите идеалисти: халуцинаторната природа на светот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ќе ги најдеме, ми се чини, во Кантовите антиномии и во Зеноновата дијалектика”.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ајде да направиме нешто што не направил ниеден идеалист: да ги побараме нестварностите кои би ја потврдиле таа природа.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Многу негови кратки раскази го прават токму тоа: ги претставуваат нестварностите (човекот што сонува друг човек и го воведува во стварноста, библитеката со нечитливи книги, една година содржана во минута) во коишто читателот препознава концептуализација на метафизиката и хипостаза на теологијата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)