Илко се сета дека дедот Карабуклија му рече на дедот Петка, оти тоа џереме не знае друго да работа, ама за готвење (да има мавца, мевце, шеќерец и јајца), рамна во Мариово не ќе ѝ биде ни една домаќинка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Абдурахман,куршум чиј наместо секогаш паѓал, најди му рамен во светот: без некаква мака со сигурност безгрижно гаѓал малечки птички во летот.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Уште нешто, јас и Пеличка од тебе бараме да ги фрлиш тие машки пантолони, во убави роби да се променуваш за да се види дека ни една мома не ти е рамна во убавината!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Да била барем толку умна па да побарала некој рамен во убавината на маж ѝ, ќе се ослободила и себеси а и својот пород од несреќите што ги предизвикува непромисленоста“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„А кој знае, можеби Иван Степанович самиот ѝ покажал со прст на него. На мој Ролан“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Му немаше рамен во страдањата.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дека на човекот му нема рамен во тој однос во природата.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Навистина, кога ќе погледнеш околу себе, мал е бројот на оние кои веднаш им се покоруваат на тешкотиите.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Секој се бори, секој настојува да се искачи на брегот на спасот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)