разумен (прид.) - татко (имн.)

Моите проблеми во тој момент беа токму такви и никој жив не можеше да ги отстрани, но татко ми ми се обрати многу нежно кога ме праша што ми е, и седна до мене со намера да открие, а не само онака, да праша и да си замине како што понекогаш прави.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Можеби во некој умен час е зачнат и тоа од разумен татко и на разумен начин.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Обично нему не му се доверувам оти мислам дека нема да може да ме сфати, иако мајка ми постојано ме убедува дека имам разумен татко кој го разбира децата и може лесно и брзо да им реши многу проблеми кои им се чинат нерешливи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)