На југ, пак, истиот овој пат, тргнувајќи од почетокот на населбата во Потковицата и одејќи, од долна страна, помеѓу авлиите на Ризевци, Шутевци, Мицковци, Димковци и гумното на Дамчевци Џаџовци и, од горна, помеѓу авлиите на Вељановци, Бубичовци и Дамчевци Џаџовци, стигнува среде населбата и тука, за миг, се проширува во облик на разностран правоаголник.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)