различен (прид.) - општествен (прид.)

Бидејќи нашиот живот постепено, како екстерно така и интерно, ќе стане „живот во множина” - значи живот внатре во различни општествени и културолошки контексти, како и живот којшто низ себе пропушта и во себе поврзува голем број замисли - дизајнот мора да ги има предвид не само расположливите стандарди (локални, национални, општествени) туку ќе мора да создава и мешовити (мултивалентни) творби.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сакам да ја дистанцирам од нејзиното старинско, исклучиво, елитистичко значење и да ја употребам во описна, квазиантрополошка и, пред сѐ, прагматична смисла – најнепосредно, како ознака за севкупноста на генеричките практики што го поврзуваат општествениот живот со дискурзивните облици и бихејвиоралните конвенции,157 а со тоа и ги дефинираат, во различни општествени контексти, особените хоризонти на очекување во врска со говорот и со личната интеракција.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но културните практики си имаат и сопствени особени составни делови, кои не се совпаѓаат сосема со опсегот на секоја демографска група посебно и нивната распространетост кај популацијата не ги следи точно цртите на разграничувањето – кои и самите се изразито размачкани – кои ги бележат меѓите помеѓу различните заедници или различните општествени колективитети.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Идеално замислен како место на непосредна интеракција и политички дискурс меѓу приватни лица, тој истовремено е и место на исклучување и бришење, место не само за општествени средби туку и за политички протести, место на доминација но и на отпор.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Како извор на легитимитет за различните општествени групи, тој секогаш е истовремено и место и извор на конфликт.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Од конструктивистичка гледна точка, границата е конструиран простор каде што различните општествени сили со различни економски и политички интереси се среќаваат и меѓусебно делуваат.11 Границите секогаш различно се искусуваат од различните општествени класи.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)