Местото каде што застанал да го слика селово морало да биде од чун оттурнат во езерото, токму на она место од каде што очите можат да го заграбат сето село, но не и премногу далеку за да се изгубат посебните карактеристики на куќите, посебните белези и бои со различни тонови и нијанси: жолта, сина, зелена, кафеава, црвена, лилава, розова, чивитлија, сива, црна, алова, портокалова.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Од овде до море...“ Запеа тој некоја непозната песна, и кога зборовите почнаа да се судруваат, да се плеткаат, очигледно во тој час измислени, морето предизвика друга мисла и еден збор, повторуван со различни тонови.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)