различен (прид.) - свет (имн.)

- Конечно дома! – извика Кире гушкајќи ја. – Многу различен свет е оној таму од овој селскиот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Завртени грб со грб, како два различни света, новопечените младенци бессоно ја дочекаа зората.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Станав свесен, дека сега ние живеевме во два различни света, јас во мојот свет на маказарските белутраци и ендеци, свет на луѓе на кои не можев докрај да им влезам во душевната трага, свет на сеќавања и на обид да се дофати течението на времето и на судбините во него, додека нејзиниот свет беше свет на главниот град, на секојдневното одење-идење на работа во Центарот, на пробивањето меѓу автомобилите наутро, на ситните и покрупните злоби и зависти, на студијата за проблемот на власта која требаше дефинитивно да се напише, на борбата со тој проблем како со личен проблем или на повременото уживање во музиката на големите концерти, кои таа ги сакаше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во тие денови светот на Милан беше ограничен од планините што ја обрабуваа рамнината, и тој ништо не знаеше или се сомневаше дека постојат други различни светови надвор од тие планини.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Националното е еден вид политички камен кој на сила му се става околу вратот на човекот расположен да лета; со него се задржува човекот да остане во своето село, до својот нужник, да не отиде во светот, да не види дека постојат многу и различни светови.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Снажно чувствуваме дека едновремено постојат различни светови, различни присуства, светот на задоволството, светот на телото, и некои други космоси што не содржат data.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа беа два различни света, иако вака се чинеше дека е еден свет, едено село, еден ден, еден миг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нам ни преостанува само просторот на француското јазично подрачје, да се претставиме со нашите различни светови, со нашите разлики, но се разбира да бидат прифатливи и стилски култивирани.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во свеста мигум ми поминаа советите на моите француски пријатели Русло, Морен, Мале.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Можеби тоа можеше и да се претчувствува неодредено во последно време.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Бев восхитен од оваа поддршка на моите читатели, од нивната солидарност, со кои најмногу ме поврзуваше вистината на моето пишување, живеејќи во различни светови.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Од друга страна, културните граници ги одделуваат различните светови на значење, додека геополитичките граници се поставуваат во геополитичките простори. 2 Види Hastings Donnan and Thomas M. Wilson, Borders: Frontiers of Identity, Nation and State. (Oxford: Berg Publishers, 1999), 19. 12 1.1 Borders, boundaries, frontiers Да биде забуната уште поголема, во литературата (англосаксонската) се користат цела низа заемно заменливи поими за означување на границата, со различни значења – од линија во земјата/тлото до нејзината примена како метафора за културните и другите „гранични“ подрачја на постмодерната, од територијалните меѓународни граници до метафоричките граници на идентитетот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Или поточно, малку нешта ми се случиле а да бидат повредни за сеќавањето okno.mk | Margina #32-33 [1996] 218 од една мисла на шопенхауер или од музиката на англиските зборови”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Алфред Казин беше во право: најстварното нешто во Борхесовото дело е неговиот ум. И Борхес тоа го знаеше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Оттаму јас за уметноста и природата - т.е. за природата како свет - мислам како за два различни света.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во 1969-та година тој ја заврши својата збирка Дреамтигерс со епилог во кој прецизно и кусо признава: “Малку нешта ми се случија, а ги прочитав мошне многу.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)