различен (прид.) - приказна (имн.)

Порано секоја вечер, без исклучок, ми раскажуваше различни приказни, нејзини, измислени, а сега сè поретко, оти наместо нив имаме други интересни теми за разговор.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Така секој гледач потенцијално излегува со благо различна приказна, базирана како врз неговите сопствени избори, така и врз случајноста. [the clearing] [the clearing], создадено во летото 1994 година, е уметничко дело коешто во рамките на структура на компјутерска игра го истражува јазикот на американските вести во медиумите, 52 okno.mk во врска со темата Босна.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Со време се расчу за бикот. Низ градот се исплетоа различни приказни.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога ми е лута, најголемата казна за мене е ако ми рече: не доаѓам да те заспијам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Младите чиновници се поднасмевнуваа и се подбиваа со него, сѐ додека не се исцрпеше канцеларискиот хумор, тука пред него раскажуваа различни приказни што ги измислиле за него: за неговата газдарица, седумдесетгодишна старица, раскажуваа дека таа го тепала него, се распрашуваа кога ќе биде нивната свадба, му истураа врз глава хартичиња, велејќи дека тоа e снег.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Започнува различни приказни и никоја од нив нема свој крај.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)