Може да се рече дека со оваа своја единствена книга таа долги години ја одржуваше рамнотежата со сите други Таткови книги, од разни времиња, со различни писма.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А Татко, кутриот, сиот живот се навикнуваше и никако докрај да се навикне на три различни писма.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во неговите книги пишувани на различни писма, латинично, арапско, кирилско, хебрејско, на места откривав разлеана пепел, во необични облици, која некаде се слеваше во старите минијатури на еден Коран пишуван на рака, како своевидно надополнување, потврдување на неговото читање и постоење, неговото воскреснување во моите нови читања.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во ова пеење различните гласови, кои поаѓаа во различно време, се следеа еден со друг, но никако да се стигнат, како и брановите на синото езеро.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кога многу, многу години, по татковото исчезнување, трагав по неговите наследени книги, со различни писма, ја барав неговата цариградска диплома, најдов повеќе потврди за нејзиното постоење, но самата диплома не ја открив никогаш, како и сите тајни во самата наследена таткова тишина, можеби задржана меѓу две непознати книги во неговата библиотека.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ги прелистував Татковите тајни книги, пишувани со различни писма.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)