Најголемиот дел од овој роман, всушност е дијалог, и тоа во Платоновата смисла на зборот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Различните конфесии не ги разделувале меѓу себе, а ниту туѓинците не можеле да ги раздвојат.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сведена е на односот на двајца врвни интелектуалци, од две различни конфесии (што е типично за Балканот) кои поседуваат огромни библиотеки, во кои се крие клучот на историската проклетија на полуостровот од мед и крв: неговите народи да живеат едни крај други, а во вавилонски клуч да не се разбираат едни со други.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Откривав во нивното премолчување на пресилните изрази на ритуалното милосрдие, голема моќ за помирување на разликите од различните конфесии на Албанците (како муслимани, православни и католици), моќ на толерантност и разбирање на другиот, на еден вид сенс за лаицизација, што на Балканот речиси остануваше непозната идеја!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)