А јас останав како осамената птица албатрос, тешко да се влечкам крај морскиот брег покрај бункерите и нивните невидливи стражари, осуден да не го откријам синиот излез кон небото, како птицата, извишена со разиграните крилја, спасена од тежините на копното.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)