разен (прид.) - приказна (имн.)

Тука се уште и стаорците, свињите, патките, цветовите-месождери, конзервите, завртките, електричните пили, атицистите, егзибициони­стите, аристотелијанците, лилипутанците, коле­ри­ците и сангвиниците, господинот Џовек, механичките коњи од парковските вртелешки, снегулките, зрната град, крблите, толосите... и кој знае кој сè не, од прилика до прилика, наоѓајќи се во улогата на помошник на злиот: господин Сенка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Постојат три главни помошници на госпо­динот Сенка; нивните имиња се: Даркер (чове­кот без лице, иако многумина се сомневаат во тоа дека Даркер воопшто е човек); потоа доаѓа господинот Пајо Ентропија (за неговото наста­ну­вање исто така кру­жат разни приказни; една од побизарните е онаа која вели дека Пајо прво е нацртан, а потоа, во специјални студија, „ожи­веан”??!); последниот (но не на крајот!) помо­шник на господинот Сенка се вика Дипигус, и за него се смета или дека е клониран (со помош на Франкенштајновиот таен рецепт како да се направи битие од кал, нокти и две капки плунка) или дека вре­мен­ски (Дипигус) потполно се загубил.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)