И Трајко уште утредента си ја јавна маскичката и си отиде в село да им ја однесе на селаните радосната новина.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Разбра каде е Анѓа и им раскажа на домашните радосна новина. – Уште не е потурчена – и им рече сиот среќен. – И нема да се потурчи – со сигурност му одговори Стојан.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Истиот ден испрати човек во Ресен, да ја однесе радосната новина дека ќе ја земе за жена најличната охриѓанка и да ги покани да дојдат в недела за стројот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)