Од седумте работни часа, веројатно на работа сум поминал четири, а за последната минута од работата и да не зборувам...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во утрешните работни часови Стомачето ми се јави, а потоа ме посети на работа со Тигрестата Опаковка.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Вчераутро, на пример, по доручекот во 9:00 часот, со длабоко воздивнување, погледнувајќи во часовникот од каршија, почувствував некоја мачнина од бавното минување на времето и од помислата за преостанатите 8 работни часови кои требаше храбро да се издржат.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Изрично се забрани прераспределба на работните часови за неколку категории на работници и тоа: (1) помлад работник; (2) работник – инвалидно лице; (3) бремена работничка; (4) работник кој постојано се грижи за дете до три годишна возраст и (5) работник – самохран родител кој постојано се грижи за дете помладо од 15 годишна возраст (чл. 25 од ЗИДЗРО/фев.13).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во чл. 2 од Законот за измена и дополнување на ЗАПВ се предвидува дека во чл. 11 ст. 3 ал. 9 зборовите: „пресметка за платата и придонесите од платата“ се заменуваат со зборовите: „извештај за остварени ефективни работни часови“.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Работното време кое ги надминува законски утврдените 40 работни часа во една работна недела се засметува и надоместува во пократко работно време во други работни денови или преку слободни работни денови за времетраењето на договорот за вработување, а прераспределените работни часови не се сметаат како прекувремена работа и за нив не се наплаќа додаток на плата, со што директно се укинува прекувремената работа за оваа категорија работници, како посебен услов за работа кој согласно чл. 106 од ЗРО треба да биде соодветно надоместен.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Како негативни промени може да ги сметаме поканата за едукација која работодавачот ја добива при кршење на правата на овој вид на работници и замената на формулацијата „пресметка за платата и придонесите од платата“ со новата формулација „извештај за остварени ефективни работни часови“.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Сепак и покрај дополнителните законски обврски кои се воведоа кај оваа материја од трудовото право, тие не ги анулираа постоечките проблеми за работниците, посебно вработените кај приватните работодавачи, кои сеуште работат и по изминувањето на работното време, без тоа никаде да биде евидентирано, а притоа нивниот труд дополнително се експлоатира; б) во однос на прекувремената работа (работа над редовниот број работни часови), беше утврдена обврска на работодавачот при секое воведување на прекувремената работа, писмено да го извести државниот инспектор на труд (чл. 7 од ЗИДЗРО/септ.10) во рок од три работни дена од воведувањето на прекувремената работа (чл. 6 од ЗИДЗРО/јан.12).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Доколку работодавачот не може да елиминира некој од посточеките ризици, тој е должен да изврши промена на условите за работа, работните часови или да понуди алтернативна работа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
2. Работно време а) Со носењето на ЗРО (1993) полното работното време од претходните 42 се скрати на вкупно 40 работни часа седмично (чл. 30, ЗРО/93); а дојде до намалување на минимум 30 часа, наместо поранешните 32, кај работното време на работниците кои работат на особено тешки, напорни и штетни по здравјето работи (чл. 32, ЗРО/93); б) ЗРО (1993) воведе промени и кај постоечката листа на т.н. особено тешки работи: од една страна, од оваа листа беше изоставена работата во атмосфера загадена со отровни гасови и отровен прав; а, од друга страна, оваа листа беше дополнета со неколку нови „тешки работи“, пред сѐ од областа на културата – како, на пример: балетски 16. Како, на пример, во: глава IV.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Извршувањето на сите претходно наброени услуги е од краткорочен карактер (чл. 27, 28, 29, 31), а при случајот на работа на странци кои во РМ студираат нема потреба од дозвола за работа до- колку целокупниот период за вршење на такви работи не е повеќе од 10 работни часа во текот на една недела (чл. 30).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Понекогаш одев таму за време на неговите работни часови, затоа што слободниот дел од денот го минуваше само со Марта Бернајс.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Особено силни беа молбите за време на работните часови, кога докторите работеа заедно со нас – ткаеја, или плетеа, или изработуваа дрвени предмети.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тој ги редел крпчињата, марамчињата, престилките, под и над перницата, и заспивал на нив; Добрата Душичка ги редела дрвените коњчиња, цветови и ангелчиња на масичката покрај креветот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Почнала да се движи, сама да јаде и да се бања, да шета во паркот, и да ткае во работните часови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Единствено кога ја посетувале родителите и ќеркичката, како да се враќала во дел од минатото, и целата се вкочанувала.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Работните часови Макс ги минуваше во дрводелскиот оддел на Гнездо, а Добрата Душичка во шивачкиот, и на нивните средби за време на прошетките во паркот, таа ќе извадеше некакво марамче, некакво крпче, некаква престилка, што ги имаше скриено меѓу градникот и срцето, а тој ѝ подаваше коњче, цвет или ангелче, направени од дрво.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Јас не се чувствував добро и лежев во креветот кога во собата влезе една од дежурните сестри.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На еден од креветите во просторијата во која ме одведе брат ми, неподвижно лежеше млад човек, кого претходниот ден го извлекле од Дунав штом се фрлил во реката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тогаш низ просторијата како во хор се разлеваа гласовите кои молеа да заминат од Гнездо: меѓу ѕидовите одекнуваше композиција за човечки гласови со молби, со жалби, со уверувања; се мешаа десетици гласови во таа композиција во која се испреплетуваа различни ритми, тоналитети, брзини, а помеѓу разговетните зборови одекнуваа и нејасни мрморења и врисоци, и чудесни звуци од штракањето на забите, од брмчењето со усните, од повторувањето еден глас, од имитирањето на звуци какви што можат само во некаков сон или некаков кошмар да бидат чуени, па некаде отаде зборовите се чувствуваше судбината на оние кои зборуваа, кои офнуваа, кои брмчеа, кои штракаа, кои мрмореа и врескаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Попладнето Клара отиде во просторијата за плетење, каде требаше да ги помине работните часови за тој ден.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На новото работно место над Митревски постојано е вршен притисок и е малтретиран од страна на закупувачот, кој контину- ирано му нагласува дека „ако не сакаш да работиш на начин како што ти е наредено, слободно можеш да си дадеш отказ“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Платата што Митревски ја примаше додека работеше во хотелот е фиксно утврдена на 8.000 МКД, а дополнителната ноќна работа и прекувремените работни часови воопшто не му се плаќаат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)