Во тогашен Тунис, во кој завршуваше владеењето на еден од основачите на неврзаноста Хабиб Бургиба, но кој никогаш не ја прикриваше својата апсолутна приврзаност кон САД (крај работниот стол ја имаше сликата на тогашниот претседател на САД Роланд Реган, покрај онаа на Мандес Франс), новиот претседател Бен Али, по историската поддршка на раководството на Југославија, всушност ја добиваше и поддршката на неврзаните, која овие земји бездруго му ја должеа на Бургиба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Крај работниот стол, на видливо место беше и татковиот глобус, со означениот пат на јагулите, од Езерото до далечното Саргаско Море, според експонатот на Игор Лозински.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Откако одлучив да гладувам, додека не пребледнам и премалам до онесвестување (а во донесувањето на ваквата одлука НЕ играше улога наближувањето на летната сезона и тековниот тренд на топлесот и тангата), преместувањето на работната маса ќе беше преголем зафат за толку мал човек како мене, па на крајот ги преместив компјутерот и работниот стол, како револт од немоќ да променам нешто поголемо во мојот застоен животен тек.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Во Југославија, во врвното раководство, кое го означуваше крајот на Титовата генерација, со аманет да го сочува самоуправниот социјализам, братството и единството, како и неврзаната политика, веќе се насетуваше центрипеталната националистичка контаминација.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)