работен (прид.) - облека (имн.)

Во селскиот Канзас позгодна му изгледа едноставната работна облека: jeans облеката од каталогот на стоковната куќа L.L.Bean. извор: “Max” превод: Будимка Поповска Биографија 4 1914.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На самиот влез нѐ очекуваше кустосот – водич К.К., во црна работна облека, со строг израз на лицето, готов да нѐ поведе кон својот дел на пеколот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Едо, кога заврши, се пресоблече, ја остави работната облека врз хаубата од колата и заѕвони на влезната врата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како што се договорија, Едо со автобус, по куси пантолони, со ракавиците завиткани во работната облека под мишка, пристигна во Лагадин, во Арамиското гнездо, кај ужина, која сонцето навалуваше кон зајдување.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Купи нова, поубава работна облека, секој ден по работата се тушираше, неиспеглана кошула не облекуваше, навечер излегуваше со вратоврската што му ја избра Германија и се готвеше да си купи нов костум за идната есен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Утредента влезе во библиотеката, облечена во работната облека.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Утредента, една од болничарките ѝ донесе на Марија работна облека.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Перса долго ги држи зборовите на малечката, толку долго што денот изврвува и стигнува Пелагија од работа и додека се пресоблекува и насекаде расфрла миризба од тутун, ѝ кажува дека малечката Пелагија е многу итра, дека зборовите се лепат за неа и ѝ будат секакви мисли, Вели со сукалото се сука пита, мазник, рашадија, а не живот! ѝ кажува Перса вртејќи се околу Пелагија додека оваа како пред сопствена мајка, ја фрла работната облека, ја открива својата стројна снага настегана во црниот комбинезон нудејќи се пред неа како нејзина ќерка без да насетува дека Перса токму како таква и ја гледа, и ломоти додека навлекува лесно фустанче на бела основа со сини цветчиња Ох, мајко Персо, сега таа е отворена за сѐ, нема нешто што не се лепи за неа, а смислата на сето тоа подоцна ќе го открива.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Па и нивната работна облека не се разликуваше многу од затвореничката, така што за надворешниот посетител тие беа истите оние казненици што кршеа камен и ѕидаа темели за недостапни градби, само што сега не им ја надгледуваше работата нивни колега архитект туку нивни професор по керамика, а од работните места до бараките со спалните не ги придружуваа вооружени стражари со дресирани кучиња туку жедни жегалци по суви дрвја и дремовни гуштери под усвитени камења.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)