Винстоновата работна недела изнесуваше шеесет часови, на Џулија беше дури и подолга, а нивните слободни денови се менуваа во зависност од потребите на работата и често не се совпаѓаа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Работното време кое ги надминува законски утврдените 40 работни часа во една работна недела се засметува и надоместува во пократко работно време во други работни денови или преку слободни работни денови за времетраењето на договорот за вработување, а прераспределените работни часови не се сметаат како прекувремена работа и за нив не се наплаќа додаток на плата, со што директно се укинува прекувремената работа за оваа категорија работници, како посебен услов за работа кој согласно чл. 106 од ЗРО треба да биде соодветно надоместен.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во принцип, страните можат да го откажат договорот со отказен рок, кој започнува да тече наредниот ден од денот по врачувањето на одлуката за отказ и за кое време работодавачот е должен да му овозможи на работникот отсуство од четири часа во текот на работната недела – заради барање на ново вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)