Кажуваат дека судските стражари го спровеле во едно далечно пусто поле, да живее како туѓинец и да ја издржува казната.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Не знам зошто, ама тогаш сите пилишта што го прелетуваа пустото поле и пустата мене, сите ми личеа на гаврани и на чавки, на извалкани раце.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Снегот, планините, изгорените села, напуштените градини, пустите полиња, сè остана некаде далеку, единствено во нас живееше Големата вода.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)