Им објасни дека во авионот што ќе допатува по помалку од еден час, патува жена која не е во добра психичка состојба.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
При анализирањето на психичката состојба во која се нашле членовите на Гемиџискиот кружок по завршувањето на сите подготовки за атентатите треба да се има на ум и фактот дека тие веќе се наоѓале пред конкретното извршување на еден голем чин - да загинат дури и ако имаат услови да се спасат.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Не водеше сметка за неа. За нејзината психичка состојба.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Историчарот не е тој што може да ја опише психичката состојба на македонските заточеници од денот на првата вест за амнестијата до ослободувањето и тргнувањето за татковината. Тоа, сепак, е работа на писателот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во извештајот стоеше дека психичката состојба на шимпанзото е крајно разнишана, па поради неговата сериозна трауматизираност и немањето изгледи за негово опоравување, ќе биде задржано на лекување.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Имаат среќа во животот, но поради емотивноста, лесно потпаѓаат во негативни психички состојби и стресови.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)