Таквата „психологија” не е детална дескрипција на психичките механизми, туку е стилизирана во една чисто етичка детерминанта на дејствување, па затоа служи за „осветлување на душевната структура” (структурата на „вистинското суштество”), како и за осветлување на нејзе аналогната структура на „вистинската стварност”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Јохан, коњчето од вртелешка (Das Karusellpferd Johann, 1914) прв пат е објавен дури 1967 во Цирих во рамките на романот Tenderenda, der Phantast. 74 okno.mk Срѓан Богосављевиќ ПОГОВОР Проникната со свеста како за аксиолошкиот така и за онтолошкиот распад на стварноста, експресионистичката генерација инсистираше на ургентната потреба од создавање нова слика на светот и човекот којашто ќе ја ревидира и натуралистичката и импресионистичката антропологија: според таа нова слика, човекот ниту со наследството, односно со средината не е каузално условен дел од природата („животно што страда”), ниту е психички механизам којшто, препуштен на необврзната игра на непресметливите „нерви” и случајности, резигнирано-пасивно реагира на „дадената” стварност од атомизирани импресии, туку е слободен дух благословен со способноста волјата да ја насочи кон создавање сопствена стварност.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)