проѕирен (прид.) - пајажина (имн.)

Им објасни полицаецот оти стариот што личеше на сенка, на проѕирна пајажина, го нашол три блока подалеку оттука, во градината на една куќа и мислејќи дека е скитник-бездомник сакал да го легитимира.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Откако старчето од приказната, „што личеше на сенка, на проѕирна пајажина“, прекопувајќи ја Земјата, ќе се најде во градот Оукланд, и од локалниот полицаец ќе биде одведен на бараната адреса, ќе се случи следното: првин ќе молчи десетина минути, а потоа „го симна торбулето од рамото и од него извади две жолти дуњи, две суви китни боселек, едно крајче мувлосан леб и прано пагурче.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)