проштален (прид.) - посета (имн.)

Тоа беше мојата претпоследна средба со Арафат во Тунис и со високите палестински раководители кои подоцна стануваат и негови наследници...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Набргу дојде и до мојата проштална посета со Јасер Арафат, како прв амбасадор во државата Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
По четири години, кога се најдов во проштална посета, сега на претседателот на Тунис Абедин Зине Бен Али, во вообичената церемонија, откако ми беше доделено од него лично неговото највисоко одликување од прв ред, тој ме задржа на мал разговор тет а тет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)