проширен (прид.) - семејство (имн.)

Овде се држеше настрана од нивните цркви, од нивните културно-уметнички друштва, од проширените семејства кои на игранки какви што во Југославија веќе одамна немаше дури ни по селата, застанати со пиво под сликите на Гоце Делчев, бараа мажи за своите грди дебели ќерки со по две имиња и паѓаа во делириум на секоја песна што ги потсетуваше на стариот крај.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Така, радо ќе потсетеше Карер во своите говори, во име на наследениот соживот, во еден романтичен занес, големиот локален поетот Николо Уго Фосколо кон крајот на 18 век, со копач во рацете, ќе се обиде да го урне ѕидот што ја одвојувал еврејската од другите заедници на островот...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Една вечер, Татко н собра сите на чардакот, сето негово веќе проширено семејство, крај тивката Мајка.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Како зрели луѓе, Елеазар Корео и Лука Карер си правеа чест посетувајќи се било на православните верските славја, било на петочната вечера на штотуку започнатиот Шабат на домашната трпеза во проширеното семејство Корео каде што чест гостин беше Лука Карер... 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)