професионален (прид.) - рехабилитација (имн.)

На работникот инвалид на трудот со право на професионална рехабилитација, по основ на професионална неспособност за работа – работодавачот е должен да му обезбеди услови за вршење на професионалната рехабилитација и да го распореди на друга работа со полно работно време во согласност со прописите од ПИО (чл. 178, ст.1 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работодавачот обезбедува заштита на инвалидите при вработувањето, оспособувањето или преоспособувањето – во согласност со закон (чл. 177, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се интервенираше и кај одредбите кои ја регулираат професионалната рехабилитација на работниците каде е утврдено дека осигуреникот кој стекнал право на професионална рехабилитација, од денот на настанувањето на инвалидноста до денот на почетокот на професионалната рехабилитација, за време на професионалната рехабилитација и од денот на завршетокот на професионалната рехабилитација до вработувањето на соодветното работно место, има право на надоместок на плата во висина на инвалидската пензија во случај на професионална неспособност за работа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Закон за пензиското и инвалидското осигурување, Сл. весник на РМ, 80/93. 54 Закони за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, Сл. весник на РМ – 166/12, 15/13, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14, 113/14, 160/14 и 188/14. 53 59 Се воведе дополнителна обврска за обврзникот за плаќање придонес за пензиско и инвалидско осигурување, да поднесе пријава за осигурување за следните категории лица: самостојни уметници, професионални спортисти кои имаат склучено договор за вработување со професионален спортски клуб, учениците и студентите кога вршат практична работа за време на школувањето, односно студирањето, лицата на издржување казна затвор, малолетнички затвор и на издржување на воспитна мерка во воспитно-поправен дом за време на редовна работа што ја вршат во текот на издржувањето на казната, односно мерката, здравствените работници со високо образование кои стекнуваат работно искуство за полагање на стручен испит, невработените лица за време на стручно оспособување и професионална рехабилитација, како и лицата со инвалидност и телесно оштетување кај кои повредата настанала со учество во акции за спасување или одбрана од елементарни непогоди или несреќи, на работно ангажирање на корисници на социјална помош, на обука по покана на органите на одбраната, во давање помош на органите за внатрешни работи во вршење на нивната службена должност, на културно-уметнички манифестации и натпревари, организирани од културни и други институции, на натпревари во физичка и техничка култура, организирани од спортски и други институции, во волонтерска активност согласно со закон, на спортист аматер согласно со закон и на професионален спортист кој има склучено професионален договор со професионален спортски клуб. (чл. 8 од ЗИДЗПИО/дек.13)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во дефиницијата на овие два вида вработување, заедничко е што може да се склучат на неопределено или определено време со пократко работно време од полното работно време, согласно со ЗРО или прописите за професионална рехабилитација и вработување на лица со инвалидност и на работно место што е оддалечено најмногу 2 часа возење со јавен или превоз организиран од работодавачот од местото на живеење на лицето до местото на работата и назад, односно 1 час за невработено лице кое живее самостојно со дете на возраст помало од 15 години во рамките на заедничко домаќинство.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Целосно беа укинати правото на надоместок на платата поради работа со скратено работно време и правото на надоместок поради помала плата на друго работно место, додека останатите три права беа сведени на едно право – право на надоместок на плата од денот на настанувањето на инвалидноста до денот на почетокот на професионалната рехабилитација, за време 96 на професионална рехабилитација и од денот на завршетокот на професионалната рехабилитација до вработувањето на соодветното работно место.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Петто, воведена е одредбата за повторна оцена на преостанатата работна способност за она лице кое во рок од шест месеца од денот на правосилното решение за призна- вање на правото не биде упатено на професионална рехабилитација, како и во случајот кога Фондот ќе оцени дека инвалидот на трудот со право на професионална рехабилитација нема да може да се оспособи за работа на претходно одредената работа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тогаш дојде до шест промени во поглед на правото на професионална рехабилитација.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Покрај тоа, воведени беа уште две новини во врска со овој надоместок: прво, негови корисници не се сите осигуреници кај кои постои преостаната работна способност, туку само инвалидите на трудот кои стекнале право на професионална рехабилитација; и второ, воведен е и максимален рок на исплата на овој надоместок од 12 месеца од денот на завршувањето на професионалната рехабилитација и тоа под услов во рок од 30 дена од денот на завршувањето на професионалната рехабилитација засегнатите лица да се пријават во надлежната служба за вработување и редовно да се пријавуваат во таа служба во согласност со прописите за вработување (чл. 17 и 19, ЗИДЗПИО/07).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во однос на правото на преквалификација или доквалификација (односно, професионална рехабилитација од 2007 година) со првата измена на оваа материја, во 1995 година беше укината обврската на Фондот да учествува со средства заради создавање услови за вршење преквалификација или доквалификација, односно вработување на инвалидите на трудот (чл. 6, ЗИДЗПИО/95).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имено, со промените на ЗПИО од 24 декември 2008 година беше укинат изборот на видот на оспособувањето за работа при професионална рехабилитација за лицата кои не се осигуреници, но кои се здобиле со инвалидност под наведени околности во законот (на пример, ученици и студенти при практична работа или невработени лица при стручно оспособување, преквалификација или доквалификација), или кои зеле учество во одредени активности (елементарни непогоди, обука по покана на органите на одбраната, културно-уметнички манифестации и натпревари и друго) (чл. 6, ЗИДЗПИО/24.дек.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Односно, согласно новото определување на преостанатата работна способност, засегнатото лице може само, преку професионална рехабилитација (дотогашната преквалификација или доквалификација), да се оспо- соби за работа со полно работно време на друга работа, но не и да работи најмалку со половина од полното работно време на работното место на кое работел.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со измените и дополнувањата на ЗПИО во поглед на правата врз основа на инвалидност настанаа промени околу тоа кои лица се опфатени со задолжително пензиско и инвалидско осигурување врз основа на инвалидност и телесно оштетување, постапката за утврдување инвалидност, паричните надоместоци на лицата со преостаната работна способност и преквалификацијата или доквалификацијата, односно професионалната рехабилитација.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Четврто, усвоена е одредбата според која лицата кои не се осигуреници, но кои се здобиле со инвалидност под наведени околности во законот (на пример, ученици и студенти при практична работа или невработени лица при стручно оспособување, преквалификација или доквалификација), или кои зеле учество во одредени активности (елементарни непогоди, обука по покана на органите на одбраната, културно-уметнички манифестации и натпревари и друго) имаат право, преку професионалната рехабилитација, да се оспособат за работа на работи според стручна подготовка стекната со школување пред настанување на инвалидноста (чл. 15).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
5. Посебна заштита на т.н. „ранливи категории“ работници: Со ЗРО (2005) се интервенираше и кај посебната заштита на следниве групи – мајка, самохран родител, родител/и на хендикепирано дете, малолетник, повозрасно лице и инвалид со право на професионална рехабилитација.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Второ, правото на професионална рехабилитација по- веќе не важи за неколку категории осигуреници, меѓу кои и државја- ните на Република Македонија вработени во странство, физичките лица кои вршат дејност, самостојните уметници, индивидуалните земјоделци и невработените лица.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)