професионален (прид.) - неспособност (имн.)

6.  Инвалидност постои кога кај осигуреникот, поради промена во здравствената состојба која не може да се отстрани со лекување, работната способност е трајно намалена за повеќе од половина во споредба со физички и психички здрав осигуреник со исто или слично образование и способност [професионална неспособност за работа].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Професионална неспособност за работа постои кога работната способност е трајно намалена за повеќе од половина во споредба со физички и психички здрав осигуреник со исто или слично образование и способност, додека општа неспо- собност за работа има кога ќе настане трајно губење на работната способност (чл. 8).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Се интервенираше и кај одредбите кои ја регулираат професионалната рехабилитација на работниците каде е утврдено дека осигуреникот кој стекнал право на професионална рехабилитација, од денот на настанувањето на инвалидноста до денот на почетокот на професионалната рехабилитација, за време на професионалната рехабилитација и од денот на завршетокот на професионалната рехабилитација до вработувањето на соодветното работно место, има право на надоместок на плата во висина на инвалидската пензија во случај на професионална неспособност за работа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со парична казна од 100.000 до 200.000 МКД ќе се казни за прекршок работодавач –  правно лице, ако на работник кој работи со скратено работно време му наложи да работи преку договореното време (чл. 264, ст.1, ал. 12 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)