протестантски (прид.) - етика (имн.)

- Овие три етапи можеме да ги проследиме во развитокот на детективскиот роман: класичниот англиски роман на „логика и дедукција“ е сѐ уште сврзан со протестантската етика, меѓутоа американскиот „тврд (hard-boiled)“ роман имплицира пропаѓање на протестантската етика и пораст на „хетерономната“, кон-другите-насочена индивидуа; повоениот „злосторнички роман“ напишан од перспектива на жртвата или на извршителот ја вмешува субјективната позиција на „патолошкиот Нарцис“, изопштеник за кого темелниот социјален Закон се нивелира на рамниште на незадолжителното „социјално правило” - „Не убивај!“ има подеднаква вредност како и „Не го повишувај гласот во друштво!“ и другите правила на убавото однесување што ги кршиме затоа што „некојпат не може поинаку”; така, Thomas Ripley, ликот од серијата на романи на Patricia Highsmith убива ако е тоа потребно, и по убиството нему навистина му е лошо зашто морал да биде толку груб...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Овде ризикуваме по малку избрзан „редукционистички” одговор, што секако би требало пошироко да го разгледаме и да ги сместиме тие три етапи во пропорции со трите етапи на она што би го нарекле либиди­нален концепт за субјектот во граѓанското општество на XX век: постои индивидуумот на „протестантската етика”, потоа хетерономниот „човек на организацијата” и најпосле денес надмоќниот „патолошки Нарцис”; меѓутоа, ако така наречениот „слом на протестантската етика” паѓа во триесеттите години, тогаш во текот на педесеттите години „човекот на организацијата” почнува да отстапува пред „патолошкиот Нарцис”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Класичен опис на првиот процес, на „падот на протестантската етика”, се „Човекот на организацијата” на William Whyte и „Осамената толпа” на David Riesman; Рисман ја разгледува темелната појмовна антиномија меѓу „автономната”, self-directed и Margina #21 [1995] | okno.mk 33 „хетерономната”, other-directed индивидуа.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Покрај тоа наоѓаме секако уште цела низа извонредни формални подробности - да споменеме само една: кога бродоломците го потегнуваат на чамецот Германецот Вили, тој им се заблагодарува со мирно-љубезното „Danke schön!
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Енигматичното, на прв поглед, прашање, зошто во втората етапа на Хичкок преовладува женската нота, се разјаснува ако се помести во соодветен контекст: вистинскиот слом на протестантската етика ја афирмира жената како активна индивидуа (што во литературата и на филмот во четириесеттите години произведе низа од типизирани ликови: „успешна деловна жена”, good bad girl, злокобната femme fatale и т.н.) - уште повеќе е показател на фактот, во колкава мера автономниот индивидуум на протестантската етика бил ексклузивно машки. 38 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Позитивниот јунак” (Joel McCrea во Дописникот, Cary Grant во Озлогласената) е чист пример на хетерономниот „човек на организацијата”, додека „негативецот” е резигниран, скршен поединец на „протестантската етика”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)